На Координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување кој се одржа во текот на вчерашниот ден во проширен состав со претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, ДПИ Штип, СВР Штип, ЈЗУ “Панче Караѓозов” Штип на кои беа донесени следните заклучоци:
Затворање на градскиот пазар на ден петок, 20.03.2020 година, со цел превенција и заштита на граѓаните од Корона вирусот.. СВР Штип ќе продолжи со зголемени патроли на сите јавно-прометни површини во текот на попладневните часови, на спортските терени во градот, на плоштадите и патеките за прошетка и секаде кадешто има поголема концентрација на граѓани.
На 22 март на денот на пролетта, се забранува одржување на традиционалното качување на тврдината Исар по повод обичајот “Чет’рсе“.
Се апелира до куќните совети во колективните станбени згради, да извршат дезинфекција во своите влезови, во лифтовите и во сите заеднички површини.
СВР Штип ќе ја зголеми контролата за сите возила со странски регистарски таблички коишто влегуваат во градот.
Општина Штип ќе превземе обврска за набавка на поголема количина на заштитни средства, дезинфекциони средства, маски и ракавици за потребите на Општината и на сите институции во градот
Општинскиот штаб за заштита и спасување, апелира до граѓаните да пријавуваат повратници од странство кои не ги почитуваат насоките од Министерство за здравство и Владата на бројот на МВР 192
Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека.
Апелираме до граѓаните да не создаваат залихи од прехранбени производи и средства, бидејќи снабдувањето со храна и основни продукти во градот е редовно и достапно за сите.
Апелираме да се следат препораките на Министерството за здравство.
Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип продолжуваат со редовно дезинфицирање на јавните површини и сите витални институции во градот.