Поради различните информации кои протекоа во јавноста за починатата пациентка, министерот Филипче на втората прес конференција изнесе повеќе детали за конкретниот случај.
„Прегледот на почитаната пациентка е направен на 16ти март, таа била само со температура без други симптоми. Биле поставени прашања од епидемиолошка анкета, дадена и е терапија и пуштена на домашно лекување. Следниот ден пациентката се јавила повторно кај докторите со синот кој имал исти симптоми. Односно само покачена температура без кашлица. На 17 и 18 март им е дадена повторно терапија.
На 19ти март пациентката се јавила на доктор со потежок наод на белите дробови, констатирана е пневмонија и се сместени во болница, тогаш се направени и брисеви за корона тест и на мајката и на синот. На 19ти март тестовите се негативни, на 20ти март се повторува тестот на мајката и тој е негативен. На 21 состојбата кај пациентката се влошува, направени се обиди за реанимација, но за жал тие се без успех.
Земен е посмртен уште еден материјал кој тест е позитивен на корона вирус.
Преиспитани се истите материјали и потврдено е дека тие се нависитна негативни.
Тестот никаде во светот не е 100% точен. “ истакна Филипче