Во однос на прашањето кое го постави ЦИВИЛ Медиа: Што со бремените жените кои се на патолошко боледување или што се на породилно боледување и дали ќе има промена во однос на висината на износот на боледување со оглед на намалувањето, министерот за здравство Венко Филипче одговори дека надоместокот за отсуство од работа останува исто, како што било и досега и дека нема да се намали.
„Уште пред еден месец, кога се воведоа дел од мерките и препораките трудниците да бидат ослободени од работа, стручниот колегиум на гинеколошко-акушерската клиника изготви упатство кое официјално го достави до сите матични лекари, со цел тие да дадат и екстра здравствена услуга за бремените жени, за да не одат во клиника и да се создаваат гужви“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Што значи дека овие мерки важат за сите бремени жени, а не само за оние кои се на патолошко боледување.
Министерот додаде дека бремените жени можат да се упатат и да се консултираат со матичниот гинеколог, додавајќи дека сите матични гинеколози имаат упастства по кои треба да се водат.
А.П.
Извор:ЦИВИЛ МЕДИА