Градоначаникот на општина Штип соопшти дека денес се одржал трет координативен состанок на кој се донесени повеќе заклучи и задолженија поради состојбата со корона вирусот.
„Општина Штип започнува со изградба на три пункта за дезинфекција на сите возила кои влегуваат во градот, со поставување на времен режим на сообраќај. Благодарност за покажаната општествена одговорност на градежните компании: Бау Инженеринг, Коле Транс и Пелагонија Инженеринг.
Започнуваме со доделување на 500 пакети на социјално загрозени семејства. Благодарност за покажаната општествена одговорност од страна на Витаминка, Југококта, Актива Инженеринг, ВИД и Бравиа
Досега Општина Штип додели 10 илјади маски на институции и граѓани. Благодарност до текстилните фабрики и секако работниците кои се ставија во функција на заштита на граѓаните од Корона вирусот
Досега во Штип имаме 14 позитивни случаи на заболени од Ковид-19. Денес во ЦЈЗ се тестираат 13 лица за кои очекуваме резултати
Се задолжуваат мобилните тимови на Општина Штип и Црвен Крст да продолжат со давање на помош и поддршка на возрасни граѓани. Досега 60 граѓани ги искористиле овие услуги
Се задолжува ТППЕ Штип со поддршка на ЈП и дополнителни тимови да продолжи со дезифекција на влезовите во сите станбени згради во градот. Досега се дезинфицирани станбените згради во Центар, Автокоманда, 8ми Ноември и дел од Сењак
Под домашна изолација денеска во Штип има 128 граѓани. Штабот доби информација од СВР Штип дека досега има приведено 32 граѓани поради нарушување на полицискиот час
Почитувани граѓани,
Апелирам за најсериозно почитување на сите насоки од институциите, затоа што здтавјето на граѓаните во овој момент зависи од сите нас. Институциите даваат максимум, но во овој момент е потребна силна граѓанска одговорност и поддршка“ напиша на својот фб профил Бочварски