„Почитувани граѓани,
Во насока на преземање на превентивни мерки за спречување на ширењето на Covid 19 на територијата на нашата Општина, ЈП Исар како сервис на граѓаните во изминатиот период ги стави на располагање сите свои расположливи капацитети и ресурси. Поради настанатата ситуација со цел да можеме навремено да ги сревисираме нашите обврски кон добавувачите и како би можеле и ние нормално да функицонираме, апелираме до вас за редовно и навремено наплаќање на вашите обврски.
Сите правни и физички лица своите обврски кон ЈП Исар можат да ги сервисираат на следниот начин:
- Електронски на интеренет страницата на ЈП Исар https://jpisar.com.mk/
- Во сите експозитури на банките и поштата
- Во наплатните центри на ЈП Исар
Имајки во предвид дека се во сила вонредни мерки сите граѓани кои имаат водомери без далечинско отчитување сосотјбите на своите броила може да ги пријават на дежурните телефони на ЈП Исар : 078/473100; 032/391125 локал 107 , секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, како и на емаил адресата на ЈП Исар, во спротивно ќе добијат сметка со проценета вредност.“ стои во соопштението на Јавното претпријатие за комунални работи од Штип