„На уште 118 компании со 1.116 вработени, им е одобрено користење бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра од Развојна банка.Досега се одобрени вкупно 254 кредитни апликации со вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2.853 вработени.
По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28%, а средните компании до 250 учествуваат со 4%.
Продолжуваме на неделно ниво да ги разгледуваме информациите за одобрените кредитни апликации, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид 1.“ напиша на својот фб профил Мила Царовска