„Денеска имаме еден скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го пратиме во следните денови за да видиме дали е случајност, некоја варијација или ќе биде некаков тренд.
Тоа се резултати од само еден ден, и не можеме да заклучиме ништо само од овие резултати.
Во текот на утрешниот ден, во сабота ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат тие.
Засега остануваат во сила сите мерки и апелирам сите граѓани доследно да ги почитуваат.
Денеска стигнаа 20 монитори, помош од Европската Унија, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хируршки маски, 750.000 пара ракавици, 10.000 заштитни наочари.
Со ова, вкупната вредност заедно со респираторите, дел кои што веќе стигнаа, дел ќе стигнат од Европска Унија, достигна вредност од 3.2 милиони евра
Добивме потврда и дека стигнуваат 20 респиратори од Норвешка којашто донација нешто се успори и со овие 20 респиратори, 20те на Европска Унија, 15те потврдени преку UNDP значајно се зголемува бројот на респираторни машини.
Центарот за јавно здравје Скопје, Институтуот за јавно здравје го завршија планот за скрининг којшто треба да почне следната недела.
Некаде околу 400 до 500 тестови согласно индикациите по критични групи на граѓани. Скринингот ќе се прави како и што најавивме со ПСР тестовите преку матичните лекари.
После денешниот состанок на којшто присуствуваше и претседателот на Стоматолошката комора и преку матичните стоматолози ќе се врши земањето на овие брисови, заради тоа што тоа е во нивна сфера на работа.
Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица во прва фаза, понатаму и припадници на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациенти коишто треба да примат биолошка терапија – практично категории за коишто многу ни е важно да го процениме ризикот и да идентификуваме асимптоматски носители.
Интензивно работат Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои ќе направат надзор во неколку фабрики во Велес, но и во други објекти кадешто е детектирана потребата од инспекција и во текот на утрешниот ден“ напиша на својот профил министерот Филипче
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.