ССМ во насока на унапредување на работничките права и демократските вредноси предлага недела да биде неработен ден за сите работници.
„Во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот COVID – 19, се покажа дека повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници, а во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден.
Потсетуваме дека ССМ, покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.
Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.
Анализите и примерите покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот ниту работниците и граѓаните.
ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности ќе се изнајде правно решение со кое Недела ќе биде неработен ден.
Ваквата иницијатива на ССМ веќе се покажува и во пракса и голем број на работодавачи своеволно го прогласија Недела за неработен ден, тоа е примерот што треба да го следат и останатите работодавачи како и Владата. “ стои во соопштението до јавност на ССМ