Прва онлајн матурска вечер во Штип во средното медицинско училиште “Јане Сандански” во организација на директорката Емилија Рамбабова.
Епидемијата која го зафати светот не им дозволи на овие генерации како и претходните да ја прослават својата матурска вечер. Но, директорката со пораката ” исто сте ни важни” организираше бенд кој оваа вечер училиштето ќе свири само за матурантите и истото се пренесува во живо.
„Вие останувате дома, со што покажувате врвна одговорност и зрелост , а токму тие особини се повод за свечено одбележување на нивното стекнување. Тоа е доказ дека вие сте општествени чинители чија мудрост и пожртвуваност го прави ова општсетво подобро. Ние се гордееме со вас, затоа што израснавте во возрасни и одговорни луѓе кои се за пример., Токму тоа е повод за прослава која вие на некој начин и ја добивате согласно условите и препораките„ кажа Рамбабова во своето обраќање за матурантите кои настанот го следат преку социјалните мрежи.