На Фејсбук страната „Луда Комуњара“ е објавена лажна фотографија, односно фотомонтажа од Радмила Шекеринска од СДСМ од кампањата „Можеме“, со лажна порака „Изборот е лесен. УЧК“.
Од страницата „Луда Комуњара“ над лажната фотографија напишаа „Срамота какви објави спонзорираат!
Меѓутоа, вистинската објава на Шекеринска е со пораката: „Изборот е лесен. Сигурна иднина во НАТО и ЕУ наспроти обнова на режимот“.
Лажната фотографија до овој момент е споделена 22 пати, очигледно организирано и оркестрирано, бидејќи една личност фотографијата ја сподели на неколку патриотски Фејсбук групи.
Под лажната објава има неколку коментари со говор на омраза, а еден од коментарите гласи: „Учкур околу врат па да се обеси кучка“.
Очигледно во овие избори не се бираат средстава да се дискридитира противникот. И покрај очигледната фотомонтажа на фотографијата на Шекеринска, сепак лагата се шири и споделува на социјалните мрежи. Се поставува прашањето дали тие што ја споделуваат лажната фотографија до толку ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните, односно гласачите?!
Мониторинг тим на ЦИВИЛ