Како дел од овогодинешната „Текстилијада“ организирана од здружението „Гласен Текстилец“ во тек е дебата на тема „Работнички права за време на корона“.
На дебатата се присутни претседателот на РСМ Стево Пендаровски, градоначалникот на Општина Штип Јане Миланов, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска , Алајдин Хавзиу од ДИТ, Маријана Перковска од текстилниот кластер, претставници од синдикатот Хенделс од Шведска и Кристина Ампева од Гласен Текстилец.
Настанот го отвори градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов, како домаќин, додека претседателот Стево Пендаровски ги поздрави ваквите настани кои во фокусот ги имаат заштитата на работничките права, посочувајќи дека е потребна засилена отвореност и ажурност на институциите во случај на повреда на работничките права и ја истакна потребата за соработка помеѓу институциите, граѓанските организации и сите останати чинители во унапредувањето на работничките права.
Покрај ова претседателот упати порака на отвореност и истакна дека тој и неговите соработници се отворени за секоја иницијатива која води кон унапредување на ваквите процеси во општеството.
С. М. Живкова