ЦИВИЛ денеска одржа обука за изборните набљудувачи на претстојните избори за градоначалник во Штип и Пласница, кои ќе се одржат на 13 декември. Организацијата акредитира 30 набљудувачи на изборниот процес во двете општини.
Постојаните тимови за мониторинг на човековите права во земјата, своето внимание го насочија кон изборниот процес уште од првиот ден на кампањата, на 21 ноември. Паралелно со активностите на мониторингот на состојбите и настаните поврзани со предизборните активности на кандидатите и партиите што ги поддржуваат, продолжува со работа и дескот за мониторинг на лажните вести и говорот на омразата при ЦИВИЛ.
Кон набљудувањето на ЦИВИЛ можат да се приклучат и сите граѓанки и граѓани кои можат да пријавуваат изборни нерегуларности во текот на кампањата или на денот на гласањето на онлајн формуларот на веб страницата Слободни избори.
Во секое време, на посебен формулар, може да се пријавуваат лажни вести, говор на омраза, корупција, дискриминација, насилство и кршење на човековите права.
ЦИВИЛ Тим за комуникации