Според набљудувачите на ЦИВИЛ од општина Пласница, сите 8 избирачки места се отворени на време. До сега не се забележани нерегуларности во спроведувањето на изборните активности во оваа општина. Еден од нашите набљудувачи изрази позитивно изненадување со високот ниво на почитување на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.
Што се однесува до гласањето во општина Штип, каде што имаме 77 ИМ, исто така, се бележи мирен и регуларен почеток на изборниот ден. Повеќе од 30 избирачки места (околу 50%) кои ги посетија набљудувачите на ЦИВИЛ во 7 часот, отвориле на време.