Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти конечните резултати од гласањето за градоначалник на изборите во Штип, што се одржаа на 13 декември. На гласањето на предвремените избори за градоначалник на Штип победи Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со 11.477 гласа.
Кандидатот на Интегра Симон Поликарп освоил 1.179 гласови, на коалицијата Иднина во нашите раце Гоце Ангелов 267, независниот каднидат Трајчо Митев 280, а на ТМРО Лазар Наумов 282.
Право на глас на предвремените избори во Штип имаа 41 777 гласачи. Правото на глас го искористиле 14.301 гласач, неупотребени биле 26.845 ливчиња, важечки 13.485, а неважечки 816 гласачки ливчиња.
На 13 декември за градоначалник освен во Штип се гласаше и во Пласница.
Конечните резултати за Пласница беа соопштение на седницата на ДИК во четвртокот. Најмногу гласови 1.696 освои кандидатот на ДУИ Алија Јаоски.
Изборите во општините Штип и Пласица се одржаа на 13 декември, а Николов и Јаоски ќе бидат градоначалници на Штип и Пласница се до одржувањето на локалните избори пролетта 2022 година.
Во изборот на општина Пласница учествуваа двајца кандидати за градоначалник на Пласница, Алија Јахоски од ДУИ и Рамазан Шерифовски, од Движењето за национално единство на Турците. А за Штип се натпреваруваа Симон Поликарт од Интегра, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов, предложен од Коалицијата Иднината во наши раце, Трајчо Митев, предложен од група избирачи и Лазар Наумов од ТМРО.