Денес Општинска изборна комисија му го предаде решението за избор на нов градоначалник на Општина Штип на Др Сашко Николов кој победи на локалните избори во Штип кои се одржаа на 13 декември.
На настанот Д-р Сашко Николов изјави дека овој ден за него е специјален ден на кој уште еднаш се обврзува на чесна и транспарентна работа во интерес на сите граѓани.
„Денес е специјален ден за мене и моите сограѓани, денес ја примам функцијата градоначалник на Општина Штип. Она што го ветив за време на изборната кампања дека ќе работиме чесно и транспарентно , во интерес на сите мои сограѓани , тоа и ќе го остварам Штип ќе биде отворена и безбедна општина за сите. Огромна благодарност на сите мои сограѓани кои одговорно го остварија своето право на глас на 13 декември. Изборната кампања од страна на сите кандидати беше спроведена безбедна по здравјето на граѓаните. Град Штип ќе продолжи да се развива и се надевам дека наредната 2021 година ќе ја паметиме по завршувањрто на оваа пандемија и по еден нов и современ начин на работа на Општината. Вратата на градоначалникот на Штип ќе биде отворена за сите граѓани , за сите идеи , конструктивни предлози.“ истакна Николов во изјава за медиумите.