Професорот Кирил Барбареев во вечерашниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека неприменливоста на знаење кажува дека младите лица имаат проблем со реализација на сето она со кое се соочуваат.
„Ова што го спомена професорката Дамовска мислам дека тоа е клучниот момент на недостиг на нашиот воспитно-образовен систем, а тоа е како учиме и за каде всушност ни треба нас знаењето коешто го планираме во наставните планови и програми во нашиот воспитно-образовен систем“, истакна Барбареев.
Тој вели дека станува збор за многу комплексни пристапи коишто во изминатите 20-30 години влијаеле на создавање на еден систем којшто е предоминантен врз основа на еден традиционален концепт на настава.
„Истражувањата покажуваат дека неприменливоста на знаење кажува дека младите луѓе понатаму имаат проблем со реализација на сè она со што се соочуваат“, вели Барбареев.