„ Со новата реформа во образованието наставниците ќе мора да стекнат одредени вештини со кои потоа ќе ги едуцираат учениците. Неопходно е да имаме наставна програма со која ќе ги научиме децата да носат одлуки, да препознаваат лажни вести, да знаат што е вистина, а што не е… Самата реформа во образованието беше пречекана со лажни вести, има ретроградни структури кои не сакаат реформи, туку сакаат нашата држава да биде последна. Но, за среќа, имаме прогресивни сили кои сакаат децата да ги учат на мултикултурализам, да знаат критички да размислуваат, да бидат свои… Знаете, за пет до 10 години ќе има такви нови работни места кои од сега не можеме ни да ги замислиме и затоа ни е неопходна подготовка на такви кадри.“- истакна министерката за образование, Мила Царовска, на конференцијата организирана од УНИЦЕФ и Finance Think.
Таа нагласи дека мора да се смени начинот за мотивирање на учениците и да се вратат вредностите кои со години се заборавени.
„Од фактографско учење ние мора да одиме на интегрирано, преку теми да истражуваат учениците, за на крајот тие донесат одлука за одедена појава или настан. Тие мора да ги анализираат и актуелните случувања за да градат иднина. Едноставно, вредностите кои се игнорирале низ годините да ги вратиме назад за да создадеме паметни и посветени генерации.“- заклучи Царовска.