По постапката за присилна наплата заради неисплатена плата за април, мај и јуни 2020 година се намалува и бројот на работодавачи кои ја должат платата за овие месеци, така што со состојба на 31.12.2020 година сè уште не исплатиле априлска плата 50 компании за 108 вработени, плата за мај не исплатиле 38 компании за 66 вработени и јунска плата не исплатиле 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број на компании кои сè уште не исплатиле плата за еден, за два или за сите три месеци (април, мај и/или јуни) е 125. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.
Лукаревска на денешната прес конференција исто така истакна дека во координација со Државниот инспекторат за труд во текот на месец декември се спровеле контроли кај 31 даночни обврзници кои ја искористиле финансиска поддршка а не исплатиле плати за месеците април, мај и јуни 2020 година, во вкупен износ од 1.827.690 денари за еден или повеќе месеци.
Овие даночни обврзници се од дејностите: трговија на мало, трговија на големо, копнен транспорт, градежништво, угостителска дејност и друго. Предмет на овие контроли била и проверка на исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка што даночните обврзници при поднесување на барањето за финансиска поддршка заради исплата на плати за овие месеците дале Изјава за исполнетост на условите под кои се дава финансиската поддршка.
Лукаревска воедно посочи дека Координирано со Државниот инспекторат за труд покрај овие контроли за финансиската поддршка, ќе се врши и инспекциски надзор кај компаниите кои исплатиле плата пониска од минималната, согласно закон, а Листата на компании кои примиле износ на финансиска поддршка за месец ноември 2020 година, а не ја исплатиле платата на работниците, ќе биде доставена до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите првиот работен ден од оваа година