„Во време на најголема здравствена криза со која се соочува човештвото, опозицијата продoлжува со недолично однесување омаловажувајќи го трудот на здравствените работници. Без почит кон нив и со единствена стратегија за блокади и опструкција, единствено што можам да кажам дека се голем срам за државата а никаков коректив на власта“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Неговата изјава доаѓа како реакција на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство кои побараа одложување на пописот и оставка на министерот