По објавата на текстот Профилот под името Арбен Есати се заканува со убиство на новинари, МВР излезе со експресна реакција. За екстремниот говор на омразата и заканите по животот на новинарите од повеќе редакции информираше Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, а организацијата побара соодветна реакција од релевантните институции. Веднаш потоа и ЗНМ излезе со соопштение во кое бара брза реакција од МВР и ЈО.
ЦИВИЛ дознава дека лицето за кое станува збор во текстот, кој на социјалните мрежи се појавува со профил под името „Арбен Есати“, било повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор. Во координација со јавното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ