Една или две недели по завршување на изборите кај нас, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека на 19 или 26 април ќе одржи парламентарни избори пред рокот кој го побараа опозициските партии и меѓународната заедница, заради договорот за Изборниот законик. Изборите во регионот, во очите на меѓународната заедница се гледаат како можност за надминување на конечните политички процеси и деблокирање на интегративниот процес.
Ова стана појасно откако претседавањето со ЕУ ја презеде Хрватска. И на вчерашната средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се испратија јасни сигнали дека двајцата посакуваат деблокирање на процесот на проширување со Западен Балкан.
Меркел во нејзиниот говор ги спомнал и Босна и Херцеговина и Косово, а за Северна Македонија и Албанија изјавила дека веќе се исполнети очекувањата од двете земји. Според изјавите на европските лидери, од нашата земја се очекува само продолжување на отпочнатиот напредок и после изборите, па на самитот во Загреб во мај да се оствари европскиот сон.
“Јас верувам дека Албанија ги исполнила мнозинството дд условите кои сме ги побарале, особено со ветингот и реконструкцијата на судовите и веќе е време за отворање на преговорите. Нашиот Парламент исто така истакна одреден број на дополнителни услови. Во Северна Македонија е направен голем исчекор кога се реши прашањето со името. Јас верувам дека Албанија и Северна Македонија се во иста група”, изјави Меркел по средбата со Пленковиќ.
Хрватскиот премиер зборувал и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и за барањето на високиот претставник на ЕУ Јозеф Борел преговорите да почнат пред самитот во Загреб. Не влезе во детали за дијалогот, но известил дека на самитот на 5 и 6 мај ќе се зборува за сите политички теми и дека од тој самит очекува напредок во интегративниот процес на Балканот.
“Не сме влезени во детали за односите меѓу Косово и Србија. Сме зборувале за сите држави и исто така наша цел е да имаме напредок во Загреб. Еден многу важен аспект што Хрватска го става е фактот што самитот има политички карактер и ние сакаме да ги отвораме сите точки кои се на маса и на отворена дебата”, изјавил Пленковиќ.
Но, за преговорите меѓу Белград и Приштина ќе треба да се чека исходот од две внатрешни процеси. Косово не може сè уште да формира влада по одржаните предвремени парламентарни избори. А во Србија дијалогот и интегративниот процес ќе зависат од парламентарните избори кои опозицијата ги бара во мај, а Вучиќ ги најавил во април.
Арбен Зеќири