Здружението ,,Стоп за извршителите“ ги повикуваат сите граѓани, кои се соочуваат со присилната наплата од извршителите, на протест, во вторник, 21 јануари, во 5 минути до 12, пред Собранието на Република Северна Македонија. Пред протестот ќе се одржи прес конференција по повод Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за облигационите односи.
“Во Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“, број 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/13), членот 368 се менува и гласи:
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност, како и побарувањата за кои согласно со законот се предвидува пократок рок за застареност. (Ова се дел од промените кои ги поднесува пратеникот Самка Ибраимовски, а со кои владата веќе се сложила, но дел од пратениците не сакаат да ги прифатат). Ако се донесе оваа промена ќе им се олесни на огромен број луѓе“, повика Ана Глигорова од „Стоп за извршителите“ на својот Фејсбук профил.
ЈАВЕН ПОВИКВо вторник 21 01 2020 година во 5 минути до 12 ве повикуваме сите вас кои сте блокирани, кои плаќате…
Gepostet von Ana Gligorova am Samstag, 18. Januar 2020