Државјани на РСМ кои се на привремена работа или престој во друга држава, а кои сакаат да го остварат своето гласачко право можат да извршат увид во посебни изводи од Избирачкиот список во просториите на Димпломатско конзуларното претставништво на РСМ во државата во која се наоѓаат во периодот од 26.02.2020 до 11.03.2020 година. При увидот граѓаните се идентификуваат со важечка патна исправа или важечка лична карта издадена од надлежен орган на РСМ.
Увидот во посебните изводи од Избирачкиот список исто така може да се изврши и преку интернет страницата на Државна изборна комисија .
Државјаните на РСМ кои се наоѓаат во друга држава, барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид, можат да ги поднесат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК, во периодот од 26.02.2020 до 11.03.2020 година.
Државјаните на РСМ кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или на привремена работа или престој повеќе од една година, пријавата за гласање можат да ја достават во периодот од 16.02.2020 до 11.02.2020 година своерачно потпишана до Димпломатско конзуларното претставништво на РСМ во државата во која се наоѓаат или преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на ДИК.
Право на глас имаат сите државјани на РСМ, кои имаат пријавено последно живеалиште во РСМ, а на денот на гласањето привремено престојуваат во друга држава повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи на Избирачкиот список.