Немате став државата да ја водите. Земете звонете му на Груевски нека ви каже став. Одете консултирајте се со шефот да ви каже кој да биде вашиот став, му рече Зоран Заев на Христијан Мицкоски, во денешниот ТВ дуел „Само вистина“ на Канал 5.
Еднаш имате став, еднаш немате. Еднаш договорот е добар, еднаш е лош. Јавете му се на Груевскида ви каже што да правите. Граѓаните знаат дека им треба интеграција, а не изолација“, рече Заев.
„Кажете што добивме? Ги добивме двете наши стратешки цели, ние сме денеска членка на НАТО. Не случајно тоа НАТО постои, тоа беше основата на ВМРО – ДПМНЕ кога ние бевме СКМ ПДП, вие ги извадивте НАТО, ЕУ, МПЦ. Еве и МПЦ ќе ја решиме со модерни пријателски политики…“, рече Заев.