Поради новонастаната состојба и прекин на воспитно образовниот процес во државата , Министерството за труд и социјална политика препорачува да се практикува листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите.
Покрај ова од Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес на МРТВ започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште. За децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.