Република Северна Македонија е во ретките држави која преку владата и институциите презема целосно навремени и одговорни ефикасни мерки за справување со вирусот и спречување на ширењето на заразата, истакна Зоран Заев на денешната прес-конференција.
Тој упати благодарност до докторите, здравствените работници, полициските службеници, новинарите за навремено известување, сите кои остануваат на ниво на нивната задача и сите граѓани кои ги почитуваат мерките за справување со вирусот.
„Наша задача како граѓани е целосно и строго да ги почитуваме мерките. Се справуваме со нов и непредвидлив вирус , се трудиме максимално сите ситуацијата и понатаму да се држи под конторла, да не броиме жртви, туку излекувани. За да се случи тоа потребна е максимална посветност од секој еден од нас. Да продолжиме да се однесуваме одговорно и зрело, се работи за нашето здравје. Да не подлегнуваме на дезинформации и лажни вести кои имаат за цел да шират паника, да се информираме исклучително преку институциите кои известуваат секојдневно. Сега не е време за политички противници и калкулации, сега имаме само еден противник а тоа е корона вирусот. Време е граѓаните да бидат обединети и сложни, а политичарите да бидат обидените за една цел, за здравјето на сите нас и нашите блиски. Верувам дека ке успееме да се сплотиме, зошто секогаш сме биле сплотени во маката. Да продолжиме да ги следиме мерките, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме и оние до нас.“, заврши Заев.