На неколку места во центарот на град Штип ноќва можат да се видат транспарентни со порака за благодарност до текстилните работнички , вработените во маркетите и здравствените работници.
Градоначалникот на Општина Штип на својот фб профил сподели неколку фотографии со пораки упатени до овие граѓани кои се на правата линија на борбата и солидарноста во вакви тешки времиња.
„Со овој мал гест сакаме да се заблагодариме на сите #текстилни работнички во градот за нивната одговорна работа и одржувањето на економијата.
Благодарност и до #пожарникарите, #комуналните и #кожарските работници.
Даваме сè од себе за да ги направиме јавните простори безбедни за сите“ , Напиша Бочварски
„Благодарност и за работниците во #продавниците и #супермаркетите.
Вашата посветеност на работата ни овозможува на сите да сме снабдени со потребните намирници.
Вашите придонеси и трпение ни помагаат полесно да поминеме низ овој тежок период.“ напиша Бочварски
Бочварски посебна порака упати и до здравствените работници
„Мал гест со кој ја изразуваме големата благодарност кон сите здравствени работници кои деновиве пожртвувано работат на заштита на јавното здравје.“