Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција денес презентираше пакет економски мерки кои СДСМ ќе ги достави до владата :
- Минимална плата 14,500 за април и мај од државата за секој работник од приватните фирми погодени од кризата. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плата и персоналниот данок. Ние ќе очекуваме доколку можат фирмите да исплатат и повеќе од минималната плата. Оваа мерка ќе може да ја користат сите фирми кои нема да даваат дивиденди и бонуси до крајот на 2020 година и нема сега за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година. Нема да се пресметува помошта само за оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39 900 денари. Фирмите кои ќе аплицираат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како што имале пред кризата со корона вирусот. Критериумите ќе се одредат јасно и прецизно, а целта е да нема отпуштање на работниците. Правиме се секој работник да го задржи своето работно место и да ја добие минималната плата.
- Паричен надомест и за граѓаните кои останале без работа поради кризата во висина од 50% од просечната месечна нето плата за работникот
- Сите функционери и раководители на државно и локално ниво, директори, градоначалници, раководители, пратеници, администрација, премиери, вицепремиери,јавна администрација, судии и јавни обвинители одат на минимална плата 14.500 денари. Оваа мерка не се однесува на докторите, медицински работници, полицијата, војниците.
- Претседатели и членови на советите во општините, членовите на управните и надзорните органи ќе работат без надомест.
- Седум илјади денари по домакинство за лица без работен ангажман или лица кои бил дел од неформалната економија, на кои и овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита. Исто така на постоечките корисници на социјалната заштита овозможуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за месеци мај и април .
- Се запира Законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ке бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија.
- Банките ќе ги одложат сите кредити на граѓаните и фирмите погодени од кризата за три месеци.
- Се ослободуваат од плаќање на закуп корисниците на социјалните станови. Ќе се ослободат од плаќање на закуп и граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од претпријатието за станбен и деловен простор за следните три месеци.
- Ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата. Со тоа ќе се спречи наплив на евентуално наплаќање на побарување по пат на стечај.
- Помош на медумските рабортници и медиумски куќи. За сите медиумски работници владата ќе обезебеди помош во минимална плата од 14 500 за април и мај.
- За сите спортски работници владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 за месец април и мај.
- За сите уметници државата ќе обезбедни минимална плата од 14.500 денари за месец април и мај.
- Наутро од седум до девет часот во продавниците и аптеките да можат да купуваат само пензонерите, лицата со попреченост и бремените жени.
- Ако се покаже дека некоја фирма или поединец остварил екстра профит на сметка на здравјето на граѓаните, владата може да донесе уредба и да посегне кон национализација.