Црвен крст Штип ги охрабрува сите загрижени родители на мали деца , сите стари и изнемоштени лица и воопшто сите исплашени граѓани да се обратат на телефонскиот број 074 20 30 50 секој работен ден од 10:00 до 13:00 часот на кој можат да добијат бесплатна стручна помош во вид на психолошка поддршка од психотерапевт.
Дискрецијата е загарантирана, а помошта се обезбедува со телефонско советување.
„Стресот, паниката и стравот му создаваат дополнителни проблеми на организмот и влијаат на неговата целокупна здравствена состојба.
Затоа, во време кога најупотребуван збор на светско ниво е ‘корона’, лимитирајте ги изворите на информации кои ве вознемируваат и потпрете се единствено на официјалните препораки. Вие треба да ги контролирате емоциите, не тие вас“ стои во соопштението на фб страна на Црвен Крст.