Со оглед на состојбата со корона вирусот здружението за заштита на правата на текстилните работнички „Гласен Текстилец“ од Штип упати свој предлог до работодавачите на своите вработени во овој период а им овозможат користење на годишен одмор.
„Почитувани,
Гласен Текстилец им предлага на работодавачите од текстилниот сектор да им овозможат на работниците/чките користење на вториот дел од годишниот одмор за 2019 година. Сега е време и период во кој можат на вработените да им дадат користење во колективна форма на годишниот одмор. Воедно апел до Државен инспекторат за труд да даде апел и влезе во фабриките и утврди колку дена од годишниот одмор од 2019 година им преостануваат на работниците на користење.
Со други зборови, ќе биде сопрен работниот процес и се намали можноста од ширење на Covid -19 , а од друга страна тоа што вработените нема да одат на работа, ќе биде законски покриено со користење на колективен годишен одмор од 2019 година.
Тоа е сосема законско и возможно решение кое може во услови доколку е потребно да продолжи и со првиот дел од годишниот одмор од 2020 година.
20 дена годишен одмор = 1 месец одмор(со сабота и недела).
Како здружение , упатуваме апел во овој период да размислуваме сите одговорно, општествено , во корист и на економијата која е запрена во глобални рамки, но пред се на вработените од вашите погони кои треба и по овој кризен период се вратат живи и здрави на работното место.
Со почит,
Гласен Текстилец.“ Соопшти здружението Гласен Текстилец