На иницијатива од градоначалникот на Св Николе, Сашо Велковски денес младите од УМС и СДММ заеднички реализираа акција за дезинфекција на улиците и јавните површини на територија на Општина Свети Николе.
Со оваа заедничка акција, Велковски заедно со младите упатија јасна порака до јавноста дека се наоѓаме во состојба во која најмалку е потребно собирање на политички поени и дека во моментот сите се соочуваме со еден невидлив непријател, а тоа е корона вирусот.
„Во ова време невреме, најмалку ни е потребно собирање на политички поени, потребна ни е сплотеност.
Денеска на иницијатива на локалната самоуправа и Сашо Велковски – Градоначалник на Општина Свети Николе, се организираше акција за дезинфекција на улиците и јавните на територија на Општина Свети Николе со цел да се заштити здравјето на нашите сограѓани.
Оваа акција заеднички ја реализираа младите на ЛК на СДММ – Свети Николе и УМС на ВМРО ДПМНЕ -Свети Николе, како и мобилните тимови на Општина Свети Николе.
Како претседател на ЛК на СДММ – Свети Николе упатувам благодарност до сите учесници во оваа акција за заштита на јавното здравје, воедно ги повикувам граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од коронавирусот.“ напиша на својот фб профил претседателот на ЛК на СДММ – Свети Николе, Бојан Максимов.