Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски соопшти дека претстојниот викенд за време на полицискиот час во Штип ќе работат неколку правни субјекти кои доставиле свои барања до Општина Штип со цел вршење на достава по нарачка до домаќинствата.
Граѓаните од Општина Штип, ќе можат да извршуваат порачки на броевите на правните субјекти, во случај на недостиг од намирници.