Се претера ли со лажните вести. Најновата е дека градоначалникот на Чешинво Облешево, Горанчо Крстев кој е заразен од Корона 19 и е во самоизолаија – починал од вирусот, пренесе Слободен печат.Градоначланикот веќе ја демантираше веста и побара МВР да преземе мерки против ова лице. -Една мала група на луѓе шират дезинформации. Имаше и непријатна случка со едно лице која ја пријавив во полиција. Лицето шири лажни вести во општината, па дури кажал и дека градоначалникот починал. Пријавив во СВР Штип и СВР Кочани. Имам информации дека МВР досега нема преземено никакви активности против тоа лице и покрај тоа што постои закон против ширење лажни информации. Лицето треба да го повикаат од полиција, вели градоначалникот Крстев.
Од штипската полиција за Слободен печат потврдија дека во првата половина на овој месец бил пријавен ваков случај, но по консултации со обвинтел, им било посочено дека нема кривичен правен настан во однос на случајот, и дека доколу пријавителот се чувствува оштетен треба приватно да тужи.
-На 9 април во СВР Штип 56- годишниот Г.К. пријави „поплака“ против лице со иницијали Г.К. затоа што ширел невистини. Од наша страна преземени се активности. Полициски службеницити извршија консултации со јавен обвинител. Дадени се насоки дека нема елементи на кривично дело. Случајот може да се гони по приватна тужба. СВР Штип случајот го евидентира само како „поплака“ против лице што шири невистини, вели портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Сепак според постојни членови во Кривичниот законик, граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години.
Целиот текст на Слободен печат.