Општините бележат пад на приходите во буџетите од крајот на март е оценката на градоначалниците од источниот регион. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочаврски потврдува дека има осетно намалување на приходите, а особено во ставката на даноците. Анализите колку се намалени средствата во буџетот ќе ги прават наредната недела, но смета дека во прашање нема да се доведат платите на админстрацијата.
-Во делот на платите на вработените нема да дозволиме да се доведат во прашање, иако приходите се доста намалени, но дека ќе имаме намалување на реализација на проектите, да тоа ќе го има, го кажувам јавно и дека намлувањето во текот на наредната недела ќе излеземе и со официјална бројка, во кој обем се намалени буџетските средства, вели Бочварски.
Тој апелира фирмите и граѓаните кои не се погодени од пандемијата да си ги плаќаат сметките кон комуналните претпријатија, но и да си го платат и данокот на имот, со цел побрзо да се реализираат одредени инфарструктурни проекти низ населбите.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев посочува дека во општинскиот буџет вообичаено во еден квартал имаат прилив на сопствени средства од 300.000 денари, но првиот квартал покажал дека овие средства се намалени и имаат помалку на сметаката околу 180.000 денари. Смета дека нема да бидат доведени во прашање капиталните инвестиции, бидејќи за нив овие средства доаѓаат од државниот буџет. Пролонгирање може да има само на барање на градежните компании, кои во овие моменти посочуваат дека главен проблем им е превозот на градежните работници од една општина во друга за време на полицискиот час. Колку приходите се намалени во општинските буџети ќе се знае на почетокот на мај.