Управа за јавни приходи извести дека е отворена е-маил адреса преку која граѓаните и компаниите може да поставуваат прашања за Уредбите кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија а што се реализираат преку Управата за јавни приходи. Граѓаните и компаниите своите прашања можат да ги постават на е-маил адресата [email protected]
Поставете прашање за остварување на правото, начин на поднесување, услови на користење дадени во секоја од Уредбите а за кои се поднесуваат барањата:
- Барање (образец БФП-ИП) за финансиска поддршка на работодавач од приватниот сектор заради исплата на плати за месеците април и мај 2020 година
- Барање (образец ДЛД-ОМА) за ослободување на износот на аконтациите на данокот за личен доход за месеците март , април и мај 2020 година
- Барање (образец ДД-ОМА) за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година
- Барање (образец БС-ПЗСО) за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување
- Барање (образец БФС-СВД) за финансиска подршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност
Управата за јавни приходи апелира, да се користат електронските услуги е-Даноци, e-Персонален данок, како и да контактираат со УЈП преку новотворената e-маил адреса.