Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на КОВИД-19.
Во првата недела од олабавувањето на мерките, односно од утре, ќе започнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, и тоа:
– Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје,
– Центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции,
– Авто школи,
– Спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови,
– Спортски и други обложувалници преку шалтер,
– Затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив.
За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.