Мартин Каровски денес на својот фб профил ја сподели својата донација во Фондот за помош за справување со корона кризата со порака за солидарност пред својата генерација.
Мартин специјализирал рефлексотерапија со акупресура во 2017 година и бил учесник во организацијата на првиот симпозиум за традиционална кинеска медицина во Штип. Тој во јануари 2018 година е именуван за вд директор во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – Штип.
„Како најмлад носител на јавна функција во земјава, освен кон народот и Владата која ме именувала, имам дополнителна одговорност и пред својата генерација – да покажам карактер и солидарност во овие тешки времиња за сите нас.
Затоа, денеска донирав во Фондот за помош за справување со корона кризата.
Се надевам дека сите заедно што побргу ќе ги надминеме овие тешки денови. Да издржиме!“ , напиша Мартин на својот фб профил
Како најмлад носител на јавна функција во земјава, освен кон народот и Владата која ме именувала, имам дополнителна…
Gepostet von Каровски Мартин am Donnerstag, 14. Mai 2020