Во Штип во рок од два дена регистрирани се три нови случаи на заразени коронавирус, од кои две се текстилни работнички во една штипска конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација поврзан со кластерот на медицинската сестра, на којашто сопругот и е таксист, а деновиве се покажа како позитивен случај.
Надлежните од Центарот за јавно здравје – Штип во моментов ги правата епидемилошките анкети и бараат дали се поврзани овие случаи или станува збор за нов кластер на заразени во конфекцијата. Тие денеска до новинарите доставија и писмено соопштение во кое се вели дека поради актуелната пандемија на Коронавирус (COVID-19) и поради грижата за јавното здравје на населението, а со акцент на општините кои спаѓаат под наша надлежност, Центарот за јавно здравје – Штип, уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките кои во изминатиов период постојано се пласираат во јавноста во сите медиуми.
– Штип е град на текстилната индустрија, па затоа најмногу сакаме да апелираме до текстилните конфекции и сите други субјекти кои имаат поголем број на вработени и кај кои производствениот процес налага на задолжително присуство на повеќе лица во една просторија. Истите, задолжително треба да се грижат за хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, дистанцата на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место да биде од 1,5 до 2 метри, истите задолжително да носат лична заштитна опрема – маски, а по можност и ракавици, се вели во соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во соопштението се наведува и дека во просторијата во која работат поголем број на лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу истите, носење на лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегнегрупирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор. Доколку е можно, да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти.
– Иако пандемијата е под контрола, сепак не можеме а да не апелираме дека понатамошниот тек на пандемијата зависи најмногу од однесувањето и дисциплинираноста на секој еден граѓанин. Затоа, Ве замолуваме задолжително да се придржувате кон овие мерки, се вели во соопштението на Центарот за јавно здравје.