„Состојбата во нашата држава се менува во позитивна насока, особено последниве неколку години,затоа што говориме многу гласно за овие прашања. Затоа што организирано како институции, како власт, како парламентарци правиме се што придонесува за состојбите на насилството, семејното насилство, сексуално вознемирување, бидат состојби за кои јавно ќе зборуваме, со цел подигнување на јавната свест, преку јавно именување на сторителите на насилство и одбележување на насилството како негативна појава во општеството,“ потенцираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на емисијата „Утрински брифинг“, на тема насилство , превенција од истото, охрабрување на жртвите за негово пријавување и кои механизми нашата држава ги има за борба против сите форми на насислтво.
Министерката Шахпаска посочи дека состојбата се менува, како што се менува и позицијата на жената. Преку нејзино активно вклучување на пазарот на трудот, во јавниот и политичкиот живот, во бизнис секторот.
„Постојат актуелни закони и закони донесни во изминатиот период со кои што сериозно се спротивставуваме во било кој облик на насилство. Особено е важно јасно и гласно да се зборува, преку кампањи кои и на локално ниво, ќе го адресираат насилството како негативна појава и да се даде поддршка на некој кој го имал ова искуство“, истакна министерката .
Шахпаска истакна дека не е срамно, што некој бил жртва на насилство, туку напротив само преку гласно зборување можеме сите заедно да превенираме во препознавање и заштита од насилство. Во таа насока е изработена и мобилната апликација „Биди безбедна“, во соработка со УНДП, преку која на едноставен и брз начин жртвата може да пријави насилство, побара помош и добие информации.
Како законски решенија кои постојат и досега во борба против насилството Шахпаска ги посочи, Законот за работни односи, каде постои мобинг и сексуално вознемирување, потоа Кривичниот закон, Закон за спречување и заштита од дискриминација, а како најново законско решение Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, закон кој е поддржан од власта и опозицијата.Законско решение кое претставува унифициран систем со дата база на податоци во Министерството з атруд и социјална политика,со податоци од различни институции.
Во однос на пријавени случаи мин истерката ја посочи бројката од измината година јануари – септември 1168 случаи на насилство , од кои за сексуално насилство имало 4 пријави, 585 физичко насилство, 813 психолошко. Од овие пријавени случаи сторители се 90% мажи.
Шахпаска посочи дека МТСП како надлежно министерство, организира Центри за жртви, кои се осум на број во држата и каде жртвите можат да бидат згрижени од 3 -12 месеци, прифатилишта за жртви од 24-72 часа, советувалишта каде добиваат психо социјална поддршка од стручни кадри, дообука, едукација, вклучување на пазар на трудот и излезат од средината , да не бидат економски завоиснои како честа причина за враќање кај насилникот.