Општина Штип започна со делење на бесплатни маски за сите граѓани на Општина Штип.
Оваа активност беше најавена од страна на Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов и извршниот директор на Солидарниот фонд на Општина Штип, Борис Шарковски.
Почнувајќи од денес од центарот на градот, волонтери од Општина Штип секојдневно ќе бидат на терен и ќе делат заштитни маски на граѓаните. Освен во центарот на градот пунктови со бесплатни заштитни маски ќе бидат поставени и во сите урбани заедници, но и во руралните средини.
“Солидарноста била и ќе остане одлика на Штип – во периодот пред нас континуирано ќе делиме маски за нашите сограѓани. Од денеска па во следниве месеци на повеќе пунктови во Штип, заедно со волонтери од општината, ќе делиме бесплатни маски за нашите сограѓани.
Имајќи во вид, дека сме во пик на нов бран од Ковид 19, носењето маски и држењето дистанца засега се покажаа како одличен механизам да се заштитиме од короната, а наша обврска како општина која се грижи меѓудругото е да обезбедиме услови за тоа и да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани. Апелирам како градоначалник, но и како доктор, да останеме внимателни, да бидеме одговорни, да носиме маски, да држиме дистанца, да не излегуваме непотребно. Само на овој начин, во очекување на вакцините ќе можеме да се спротовставиме на Ковид 19. ” Изјави градоначалникот Др Сашко Николов