Марија Максимова, професор по музичко во Државното средно училиште „Сергеј Михајлов“-Штип е добитник на наградата од Асоцијацијата „Најдобри наставници од поранешна Југославија”, којашто првпат доделува вакви признанија и награди на наставници.
Максимова појаснува дека оваа асоцијација е акредитирана организација на образовни лидери на Балканот, која има за цел да ги сплоти наставниците – ентузијасти, кои се спремни да вложат заеднички напори да се подобри образовниот процес. Во неа се вклучени наставници од сите профили, од сите полиња, почнувајќи од наставници од претшколска возраст до универзитетски професори.За да се стане член, а потоа да се освои наградата не е воопшто едноставно, треба да се исполнат многу критериуми.
–Наставникот мора да има реализирано стручен труд, иновации во наставата, научен труд, истражувања во областа на педагогијата, да се биде организатор на проекти, предавач на јавни собири од струката, награди на државно и интернационално ниво, да се има свој блог кај ќе се промовираат своите ученици, креативност во наставата итн. Јас го пополнував цел месец, прикачувајќи атачменти на апликацијата и влегов најпрво меѓу 78 те финалисти, а на главната конференција во Белград кај што беа доделувани наградите, јас и неколкумина наставници добивме највисока награда, односно титула “Најдобар наставник во Екс Југославија, вели Максимова.
Таа истакна дека од манифестацијата, којашто се одржа во Белград викендов, се вратила со импресии и оти е најважно што се вратила со побогати знаење во врска со педагогијата. Промените во образованието, истакнува, зависат од самите наставници.
Асоцијацијата „Најдобри наставници од поранешна Југославија“ е формирана од двете финалистки на „GlobalTeacher Prize” Весела Богдановиќ и Желјана Радојчиќ-Лукиќ.
Извор: МИА