Откако порталот Република му поставиле прашање на Марјан Забрчанец во врска со мерките кои ги преземаат како Влада против лажните вести, тој даде свој одговор на ова прашање :
Од порталот Република ми поставиле прашање во врска со мерките на Владата против лажните вести. Еве го мојот одговор:
“Почитувани,
Владата на Република Северна Македонија се противи и дејствува на сузбивање на појавата на создавање лажни вести и нивно организирано ширење кое има за цел да се дезинформира населението. За таа цел, Владата креираше предлог акциски план за справување со дезинформациите, согласно кој сите чинители во општеството, во рамки на своите надлежности се повикани да преземат одговорност и да се спротистават на оваа негативна појава во нашата демократија. Мерките од акцискиот план се јавно достапни и повеќе пати презентирани и дискутирани во јавноста, а подразбираат кревање на свеста кај граѓаните, воведување медиумска писменост во образованието, поддршка на процесот на саморегулација во делот на порталите и соработка со професионалните медиумски организации и сервисите за проверка на факти.Го охрабруваме и Вашиот портал и сите медиуми во нашата земја кои можеби имаат дилеми дали да застанат на страната на демократијата, да најдат причини и начини да се приклучат кон оваа иницијатива на демократските сили во општеството која се противи на намерите да се манупулира со граѓаните.
Борбата со лажните вести во нашата земја е автентична и сеопфатна и не прави разлика по политичка, партиска или каква било друга припадност.”