Откако Агенцијата за млади и спорт објави оглас за финансиска поддршка на здруженија и граѓани во кој е предвидена распределба на средства од буџетот во вкупен износ од 1.700.000,00 денари кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку финансиска поддршка за програми (проекти) со приоритетни тематски области определени во огласот, Националниот младински совет излезе со реакција во однос на транспарентоста на објавениот оглас :
Националниот младински совет на Македонија како најголемо претставничко тело на младите изразува загриженост во однос на (не)транспарентноста на објавениот оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации, објавен на 01.11.2019 од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Сметаме дека објавениот повик не е доволно промовиран, ниту младинските организации се информирани
за можноста за финансиска поддршка. Дадениот рок од само осум (8) дена, од кои само пет (5) се работни, е
прекраток за организациите да можат да се информираат за повикот и да ја подготват неопходната
документација. Ваквата практика на Агенцијата за млади и спорт е загрижувачка и не остава простор за
широко информирање на младинските организации и организациите за млади.Го изразуваме и нашето длабоко разочарување поради неприфаќање на ниту една препорака дадена на
консултативните средби во однос на конкретниот повик. Прашуваме зошто Агенцијата за млади и спорт
прави консултативни средби со младински организации кога нивните препораки не ги зема во предвид?
Дали консултациите се само декларативно покажување на отвореност и соработка или Агенцијата за млади
и спорт навистина се стреми да работи со и во интерес на младите и младинските организации?Поради ова, итно бараме да се направи ревизија на објавениот повик, така што ќе се земат во предвид
дадените препораки, објавениот повик ќе биде промовиран во јавноста и ќе се продолжи рокот за
доставување на апликации.
Во нивната реакција тие исто така дадоа и неколку препораки во однос на идните повици на Агенцијата на млади и спорт:
Покрај тоа, би сакале да дадеме препорака за идните повици Агенцијата за млади и спорт да има изработено
временска рамка, односно календар кој предвремено би најавувал кога би имало отворени повици за
грантирање на младински организации со однапред утврден рок, со цел организациите да имаат доволно
време за подготовка.НМСМ се залага за отворено и достапно финансирање на младинските организации, пред се оперативни
грантови за една или повеќе години.
На тој начин младинските организации ќе можат поактивно да работат со младите и ќе мотивираат
младинско учество преку целата година.