Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денес оствари средба со директорот за социјална заштита во Светска Банка Михал Рутковски и неговиот тим при официјалната посета на Вашингтон, САД. На средбата Царовска и Рутковски разговарале за успешната имплементација на социјалната реформа во Северна Македонија. Министерката Царовска истакнала дека приорите на Министерството за труд и социјална политика е да продолжи со спроведување на процесите коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.
Од страна пак на Рутковски било потенцирано дека Светска банка е подготвена да продолжи со силна поддршка во реформските процеси во социјалната заштита и дека Северна Македонија токму по оваа реформа е препознаена како позитивен пример во регионот.
Посетата на Вашингтон министерката Царовска ја искористила и за средба со потпретседателката за човечки капитал на Светска банка Анет Диксон на која разговарале за потребата Северна Македонија да донесе Национална стратегија за вложување во човечкиот капитал.
На средбата исто така било потенцирано дека државата веќе работи на подобрување на човечкиот капитал со спроведување на длабоки и тековни реформи. Овие реформи се од суштинско значење за инклузивен раст, бидејќи обезбедуваат еднакви можности за најранливите, како и вложување во раниот детски развој.