СВР Куманово денес има поднесено кривична пријава против В.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според МВР, во периодот од 2017 до 08.02.2019, пријавената, во својство на извршител за подрачјето на Основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, постапила спротивно на пресудата од Основен суд Куманово и паричните средства во износ од 310.000 денари, кои биле резервирани на нејзина сметка, наместо да ги врати на С.В., противправно ги присвоила.