Откако текстилниот кластер упати до јавноста и институциите свои барања инспирирани од предлогот за покачувањето на минималната плата, текстилните работници во организација со ,,Гласен Текстилец,, од Штип исто така формираа своја листа на барања, од кои дел се упатени до институции, но поголемиот дел од нив се однесуваат до работодавачите кои ги прекршуваат работничките права. По тој повод ,,Гласен Текстилец,, заедно со работничките од текстилната индустрија најавуваат протест на 10ти ноември во недела, во 12 часот во кругот на Астибо, односно на локација каде што се наоѓаат поголемиот број на текстилни конфекции во Штип.
Текстилните работнички бараат:
подобри услови за работа,
крај на психичкото вознемирување на работното место
40 часовно работно време во текот на неделата
забрана за работа во недела и празник
достоинствени плати
достоинствен живот на работникот
поддршка на предлогот за покачување на минималната плата
Кристина Ампева вели:
Ова е мирен протест, кој е инцииран од самите работнички со кои секојдневно комуницираме. Кога работодавците ги истакнаа нивните понижувачки барања, ред е и работниците да го побраат она што на нив им треба. Сведоци сме на секојдневно прекршување на правата во овој сектор во форма на барањата што тие ги составија. Тие сега бараат сето тоа да се легализира. Но, ние тоа нема да го дозволиме. И како организација сме отворени за дијалог со работодавците, но во оној момент кога ќе почнат да се однесуваат со почит спрема работниците. Барање за укинување на пауза, не е знак на почит. Барањата на протестот се составени од самите работници. И ги повикуваме сите кои сакаат да дадат поддршка на работниците да дојдат на протестот во недела.