Во редакцијата на Фронтлајн пристигнаа фотографии од читатели и читателки, на кои може да се забележи дека полицаец (позорникар) Мите Јаќимов викан „пичорето“, вработен во СВР Штип – Полициска станица Кочани, јавно се заканува на функционери на СДСМ, меѓу кои и на премиерот Зоран Заев.
На „скриншот“ сликите може да се прочитаат закани, односно коментари на кои Јаќимов под објава за Заев пишува „да му се зрдви микрофонот во раката и да исчезне (мислејќи на Заев) , после 12 април да не се слушне ни буквата „3“, затоа што се што ќе допрел ќе се ислушело“. Иако не споменува никаква евентуална ликвидација, читателите се загрижени од неговите реакции.
Граѓани и читатели од Кочани за Фронтлајн велат дека Јаќимов со години недолично се однесува и на работното место, ги провоцира колегите, ги подбуцнува, политички е обоен и ги навредува сите кои не ја поддржуваат неговата опција. Тој работи во полициската станица во Кочани од 90-тите.
Фронтлајн дознава дека против Јаќимов имало повеќе претставки, па и извесни санкции за однесувањето на Јаќимов. Исто така, се дознава дека тој има сериозни здравствени проблеми, а се наведуваат и информации дека психички е нестабилен. Сепак, Јаќимов носи оружје бидејќи е службено лице, што е потенцијална опасност за него, луѓето од неговата околина, па и оние на кои јавно им се заканува.
Извор: Фронтлајн