СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите за враќање на незаконската аболиција на Иванов, се вели во партиското соопштение.
Од партијата велат дека тоа е шанса за пратениците од ВМРО – ДПМНЕ да покажат дали се за правда или како што наведуваат, ќе слугуваат на криминалците.
„Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето. За предметите за кои се води постапка пред СЈО, а сега се преземени од Јавното обвинителство, правда мора да има. Инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ во судството и обвинителството прават се за да го попречат владеењето на правото и да го урнисаат правосудниот систем. Со отворање на постапка пред Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали“, велат од СДСМ.
П. К.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА