Форумот на жени на СДСМ Кочани организираше трибина под наслов #Нема оправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња.
На трибината се обрати и даде целосна поддршка во борбата против насилство врз жени и девојчиња Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, претседателот на ОО на СДСМ Кочани Гоце Серафимов и Јована Тренчевска како член на ИО на Форумот на жени на СДСМ, државен секретар во Министерство за труд и социјална политика и голем борец за родова еднаквост.
Оваа трибина беше организирана со цел да се испрати силна порака “НЕ за насилство врз жени и девојчиња – ДА за родова рамноправност и еднаквост, известуваат од Форумот на жени на СДСМ Кочани.