Вчера во Виница се одржала 12 седница на совет на градоначалници на Источен плански регион на која биле разгледувани 13 поднесени проекти од 9 општини.
На седницата е донесена одлука за распределба на 35,5 милиони денари на три проекти плус еден од програмата за регионален развој.
Градночалникот на општина Штип Благој Бочварски соопшти дека:
1. Општина Штип доби средства за решавање на проблемот со паркирањето во центарот на градот преку изградба на нова платформа за паркирање на река Отиња.
2. Општина Виница доби средства за реконструкција на кино салата.
3. Општина Македонска Каменица доби поддршка за изградба на водовод во с. Моштица.
4. Проектот на Општина Пехчево влезе во резервните проекти кои би се финансирале во 2020 година доколку регионот добие дополнителни финансиски средства.
Вчера во Виница се одржа 12 седница на совет на градоначалници на Источен плански регион на која разгледувавме 13…
Gepostet von Bocvarski Blagoj am Samstag, 30. November 2019